Големи клубови го бркаат Икарди, Нара испрати порака

wanda-mauro1

Мауро Икарди веќе неколку сезони во низа е најдобриот голгетер на калчолигашот Интер, а тоа придонесе да добие нов договор со поголема заработувачка со тоа што за него остана интересот од другите клубови.

Тоа го потврди неговата сопруга и агент, Ванда Нара која пак воедно испрати јасна порака дека нема намера да дозволи друг човек да се грижи за иднината на Икарди.

-Во последниот период, неколку важни тимови покажаа интерес за Мауро. Јас се грижам за неговата иднина, ги слушам, ги оценувам понудите и ситуацијата. Имиња? Нема имиња. Јас се занимавам со договорите на Мауро повеќе од три години и веќе имаме потпишано две обновувања со Интер. Тој е среќен со тоа како работам и никогаш и не помислил за промена на застапникот. Тој е врвен играч кој продолжува да расте сезона во сезона. Многу агенти го гледаат како можен клиент, па се обидуваат да му пристапат. Но, тој е мирен и ќе продолжи со мене: неговата застапеност ќе остане во семејството. Имам голема почит за Раиола и за многу други колеги кои би сакале да соработуваат со Мауро. Но, да разјаснам, јас сум единствената што се занимава со договорите и иднина на Икарди. Се минува низ мене. Тоа е вака повеќе од три години и исто ќе биде така и во иднина, -порача Нара.

Facebook Коментари