Големата ѕвезда во поинакво светло: Филаделфија дојде до првата НФЛ титула, Коби полуде од среќа (Видео)

Kobe Bryant

Екипата на Филаделфија Иглс дојде до првиот Супербоул во својата историјата, откако во завршниот меч во Минеаполис во супер возбудлива битка беше подобра од Њу Ингланд Петриотс со 41-33.

Овој успех донесе огромна радост кај сите навивачи на овој клуб, во градот Филаделфија, но и кај легендарниот Коби Брајант кој имаше навистина специфична реакција која ја одбележа неговата сопруга Ванеса.

Коби држејќи ја својата ќерка во рацете не можеше да поверува дека Иглс едноставно дојдоа до пехарот, радоста беше неизмерна исто како да освоил нов НБА престен. Да потсетиме Брајант е роден во Филаделфија, па од тука станува јасно зошто му се радува на овој успех.

Facebook Коментари