Англија
Големата ѕвезда на Сити: Соиграчите ме исмејуваа поради мојата „Опел Корса“
Родри прерасна во еден од најдобрите играчи за врска во последните неколку години и тој е клучен фактор во Манчестер Сити и шпанската фудбалска репрезентација, а таквиот статус му овозомжи да биде интересен за „The Players’ Tribune“ каде фудбалерот се исповеда и за работи кои се случуваат зад кулисите.
Фудбалскиот диригент на актуелниот европски шампион го пропушти стартот на сезоната поради повредата која ја влече од финалето на Европското првенство, но тоа очигледно му овозможи да биде подостапен за новинарите, на кои сега им откри дека неговата скромност му носела и специфични моменти во досегашниот тек на кариерата.
Потсетувајќи се на своите почетоци како професионалец, Родри открива дека бил исмејуван од своите соиграчи, бидејќи додека останатите пристигнувале на тренинг со скапи и луксузни автомобили, тој како вистински избор решил да има „Опел Корса“ која била пронајдена од неговиот татко.
– Ако ја прашате мојата сопруга или мојата мајка, тие ќе ви кажат дека сум далеку од нормален. Кога е фудбалот во прашање, јас сум како зависник. Нормален сум за работи како социјалните мрежи и купување на скапи патики. Не ме интересираат социјалните мрежи и патики од 400 фунти. Од најмали нозе следам само еден сон, а тоа е фудбалот. Не реков дека го сакам фудбалот за да имам еден ден Ферари. Уште на 10 години не зборев по цел ден ако имав лош натпревар, мајка ми сигурно се прашувала што се случува со мене. Но, јас сум таков од мал, фудбалот за мене е како дрога.
– На почетоците одев на тренинзите со велосипед, а потоа положив возачки испит и му реков на мојот татко дека издвојувам 3 илјади евра за автомобил. Ми се јави следниот ден и ми порача дека пронашол автомобил од повозрасна жена. Ми порача дека цената е 4 илјади евра и дека во автомобилот има борд компјутер. Влегов да го видам автомобилот и „компјутерот“ беше голем 8 сантиметри, но јас бев воодушевен. Го возев тој автомобил до тренинзите секој ден, а моите соиграчи ми се исмејуваа. Мене не ми беше гајле за тоа, јас бев воодушевен од мојата „Опел Корса“, – открива Родри.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Гвардиола даде одговор од Италија: Дали е ова моја последна година во Сити?