Големата ѕвезда на Севилја на пат кон Премиер лигата: Мојата иднина е на друго место, чекам само да помине декември

stiven-nzonzi

Севилја фати фантастичен победнички ритам откако успеа на неверојатен начин да ја анулира негатива на мечот со Ливепрул и да се избори за фантастично реми од 3:3, а додека целокупната шпанска спортска јавност ја пренесуваше идиличната атмосфера на „Рамон Санчес Писхуан“, оваа вечер пристигна една изјава од една од најголемите ѕвезди на тимот.

Стивен Нзонзи едноставно исчезна од тимот на Севилја на последните четири натпревари, или поточно по мечот со Ливепрул во Лигата на шампионите, а сега фантастичниот играч за врска одлучи да открие за што точно станува збор и каква е неговата ситуација.

– Тренерот Берицо ме опомена на полувремето на мечот со Ливерпул, а после тоа едноставно ништо не е исто. Никогаш не сум имал проблем со некој тренер, навистина ми е жал што вака ќе мора да заврши оваа моја авантура во Севилја. Најмногу ме боли што се ќе заврши вака лошо. Мојата иднина дефинитивно е на друго место, треба само да почекаме да помине декември и потоа се ќе заврши. Се надевам дека тимот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите, му посакувам многу среќа во иднина, но јас нема да бидам дел од таа авантура, – концизно потенцирал Нзонзи во ексклузивното интервју за „Франс Фудбал“, по кое станува јасно дека неговата иднина е во Премиер лигата каде неколку тима се борат за неговиот потпис, од кои најзагреани се Арсенал и Евертон.

Facebook Коментари