Поврзете се со нас

Англија

Големата ѕвезда на Челси: Соиграчите ме викаат „магаре“

Објавено

на

Каи Хаверц своевремено беше најскап играч на Челси во историјата на клубот, но тоа се промени по трансферот на Ромелу Лукаку, но и низата ангажмани кои ги направи бизнисменот Тод Боли откако го презема кормилото од Роман Абрамович.

Без оглед на тоа колку пари се инвестираа во него, Хаверц вечно ќе се памети како играчот кој му ја донесе титулата на Челси во големото финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но скромното германско момче открива дека сака да биде запаметен и по љубовта кон животните.

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Гардијан“, покрај тоа што говори за спортските амбиции, Хаверц говори и за љубовта кон животните, а како свои посебни фаворити ги посочи магарињата.

– Некои соиграчи ме викаат „магаре“. Тој прекар нема врска со фудбалот, тоа е така бидејќи од најмали нозе имам посебен однос со тоа животно. Магарињата се многу мирни животни и се пронаоѓам во нив.

– И јас сум многу мирен, цел ден се одмараат, не работат многу и го живеат животот. Отсекогаш сум ги сакал и ме смирувале. Кога ги гледам, во нив пронаоѓам нешто човечко, – вели Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни