Поврзете се со нас

Германија

Големата ѕвезда на Баерн по примерот на Де Брујне: Го „шутна“ својот агент пред клучните преговори

Објавено

на

Баерн Минхен најави мал ремонт во својот состав по крајот на оваа сезона и веќе се ослободи од високите плати кои ги добиваа играчи како Давид Алаба и Џером Боатенг, но сепак стратегијата на баварскиот великан и натаму да ги задржи најдобрите, а во потесниот круг од четворица круцијални фудбалери е Џошуа Кимих.

Покрај Роберт Левандовски, Мануел Нојер и Томас Милер кои се најплатени, во оваа листа своето име го заслужи и Кимих како незаменлив во првиот тим на се уште актуелниот европски шампион, а сега некогашниот десен бек кој се претвори во извонреден играч за врска стана топ тема во Германија поради потегот кој го повлече во ситуација кога следат најважните преговори за најбогатиот договор во кариерата.

Кимих одлучи да го следи примерот на Кевин Де Брујне кој стана првата голема ѕвезда која се избори за мега договор без да има свој претставник во преговорите со Манчестер Сити, па сега и ѕвездата на Баерн го „шутна“ својот претставник во борбата против фудбалските агенти кои бараат милионски провизии од клубовите со цел да добијат „дел од колачот“.

Џошуа одлучи да се раздели со својот агент и менаџерската компанија која го претставуваше, а тоа го потврди и самиот тој во изјава за „Билд“.

– Станува збор за одлука која ја донесов уште минатата година. Решив дека самиот најдобро знам да ги бранам моите интереси и моите вредности. Мислам дека самиот јас најдобро можам да ја претставам својата стартна позиција во едни преговори, – изјави Кимих кој има важечки договор со Баерн до 2023-та година, но се очекува набрзо да добие понуда за нов долгорочен договор од баварскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни