Поврзете се со нас

Франција

Големата аргентинска ѕвезда кој си замина од ПСЖ на крајот од летото: Немав никаков однос со Мбапе

Објавено

на

Леандро Паредес ги искористи последните денови од летниот преоден рок за да направи трансфер во Јувентус, клуб кој пројави сериозен интерес за него откако стана јасно дека ќе може да се ослободи од Артур Мело.

Аргентинскиот репрезентативец играше редовно за ПСЖ и минатата сезона, но со тренерската смена на „Паркот на принцовите“, доби јасна препорака дека е прекуброен кај Галтие и дека најдобро ќе биде да замине на позајмица.

Паредес си најде нова средина во Торино, а иако вели дека одлично се адаптирал во новата средина, посебно изненади со изјавата која ја даде за најголемата ѕвезда во Париз во овој момент.

Аргентинецот открива дека најдобар однос имал со фудбалерите од Јужна Америка, а истовремено, нема никакво мислење за Мбапе бидејќи не изградил никаков однос со Французинот и покрај тоа што беше во ПСЖ од 2019-та година.

– Мбапе? Јас едноставно не сум човекот кој може да каже било што за него. Јас едноставно немав никаков однос со Мбапе. Можам да ви зборувам за играчите со кои имав однос, за оние со кои немав, не можам да ви кажам ништо, – открива Паредес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни