Голема збрка во Монте Карло: Американски тенисер „откачи“ и му се нафрли на судијата (Видео)

donaldson-3

Светскиот тенисер број 51, Џаред Доналдсон имаше блиска средба со судијата Арнаут Габас на Мастерсот во Монте Карло.

При резултат 6-3, 3-2 во корист на противникот на Доналдсон, Алберт Рамос Винољас, 21 годишниот Американец буквално „одлепи“ при откако сервисот на шпанскиот тенисер беше признаен од страна на Габас.

Доналдсон потоа жестоко се расправаше со судијата, а по финалниот поен на Винољас, кој на крајот натпреварот го доби со 2:0 по сетови (6:3, 6:3) одби да се поздрави со Габас, но му се извини на неговиот противник за лошото однесување.

Инаку интересен е фактот што судијата Арнаут Габас беше главен судија и на натпревар од Дејвис Купот кога, Денис Шаповалов го удри со топче директно во окото при што францускиот судија имаше скршеници во пределот на лицето.

Facebook Коментари