Поврзете се со нас

Македонија

Голема вест од Општина Аеродром: Вардар доби важна финансиска инјекција за новата сезона (Фото)

Објавено

на

Вардар доби два тешки удари во краток временски интервал во месец јули, бидејќи покрај исфрлањето од ЕХФ за натпреварување во Лигата на шампионите, изостана и долгогодишната поддршка од Град Скопје.

Советниците од главниот град не изгласаа РК Вардар да влезе во буџетот за новата натпреварувачка сезона, но затоа двократниот европски првак сега доби подадена рака од Општината во која ги игра натпреварите.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски е познат како голем фан на Вардар, а сега и соопшти на јавноста дека клубот ќе добие финансиска инјекција од 1.2 милиони денари.

Во соопштението на Муцунски, сосема очекувано се споменува и традиционалното спонзорирање на аеродромската гордост, МЗТ Скопје.

– Помош за РК Вардар кога е најпотребно! Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион. Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна. Голема благодарност до советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои гласаа за оваа финансиска помош.

– Покрај тоа, буџетот за оваа година предвидува и 24 милиони денари за МЗТ Скопје, аеродромски бренд што ќе ја претставува Македонија во елитното јадранско натпреварување АБА1! Како локална власт продолжуваме да даваме поддршка на спортот, а се надеваме дека ќе славиме многу титули со РК Вардар и КК МЗТ Скопје. Аеродром заслужува спорт, радост и титули! Се надеваме на нови победи!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни