Поврзете се со нас

Англија

Голема вест од „Итихад“: Денот кога нема да имам вакви емоции, ќе се тргнам настрана (Видео)

Објавено

на

Foto: twitter.com/ManCity

Англиските медиуми вчера пренесоа дека Пеп Гвардиола и Манчестер Сити си подале рака за продолжување на соработката, вест која денеска беше официјализирана и од страна на клубот.

Англискиот шампион со големо задоволство ја информираше јавноста дека новиот важечки договор на Шпанецот ќе трае до 2025-та годна, а Пеп порача дека ќе остане во Сити се додека чувствува глад за успеси и освојување трофеи.

– Навистина сум многу задоволен што останувам во Сити уште две години. Не можам да се заблагодарам доволно за довербата која ми се укажува. .Имам се што ми е потребно да ја вршам мојата работа, да го вршам тоа што најдобро го знам.

– Знам дека следната етапа на овој клуб во следните 10 години ќе биде исто така добра како претходните 10. Клубот е многу стабилен и од првиот ден чувствувам нешто специјално кога сум тука. Не можам да бидам на подобро место.

– Се уште имам чувство дека можеме да напредуваме и да направиме заедно нешто големо, се уште гледам жар за борба, жар за трофеи. Денот кога нема да имам такви емоции, или нема да можам да го правам тоа поради семејни или други причини, ќе се тргнам на страна и ќе се повлечам, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни