Поврзете се со нас

Англија

Голема тага на Островот: Почина најдобриот голгетер во историјата на Тотенхем (Фото)

Објавено

на

Фудбалска Англија ова утро со голема тага ја пренесе веста за смртта на Џејмс Гривс кој денеска починал на 81-годишна возраст, играч кој во 60-тите години на минатиот век остави значајна фудбалска трага на Островот.

Гривс ќе остане запаметен како еден од најубиствените напаѓачи во историјата на англискиот фудбал, за што говорат и неговите рекорди како голгетер на Тотенхем и Челси.

Џими својата играчка кариера ја започнал во Челси, па по кратката етапа во Милан, се вратил во Лондон и го облекол дресот на Тотенхем, каде прераснува во вистинска легенда на „петлите“.

Клубот од Северен Лондон денеска е обоен во црно и во официјалното соопштение ја истакна неизмерната тага за заминувањето на најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем (266 голови), но и рекордерот по бројот на постигнати погодоци во една сезона (36).

Гривс е член на златната генерација на Англија која го освои Светското првенство во 1966-та година и неговото име засекогаш ќе остане запаметено во Британија, а во блиска иднина, тешко дека некој ќе може да го урне неговиот хет-трик рекорд во репрезентацијата (има постинато шест).

Тажната вест ги погоди сите во Англија, но пораките за последен поздрав се предводени од играчите на Тотенхем, а меѓу првите се јави актуелната гол-машина, Хари Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни