Поврзете се со нас

Шпанија

Голема шанса за Димитриевски: Столе конечно ќе дочека вистински тест во дресот на Валенсија

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Валенсија преку официјално соопштение објави дека Гиорги Мамарадашвили заработил повреда на бутниот мускул, а со тоа само се потврдија најавите кои пристигнаа доцна вчера од Шпанија.

Грузискиот голман поради повредата која ја заработи на мечот со Рајо Валјекано добиваше медицинска помош уште на теренот, па иако смогна сили и го доигра истиот, лекарскиот тим утврдил дека се работи за оштетување поради кое мора да направи пауза.

Тоа значи дека Столе Димитриевски конечно ќе дочека вистинска шанса во дресот на Валенсија во Ла Лига, и тоа на трите натпревари против директни конкуренти за опстанок.

Македонскиот чувар на мрежата дебитираше на пријателски натпревари и во Копа дел Реј, но набрзо ќе го има и првиот настап на натпревар во Ла Лига.

Тоа ќе биде на пресметка против Валјадолид која се игра во петок, а според проценките, Столе ќе брани и на преостанатите два натпревари до крајот на годината, оние на кои е предвидено да паузира Мамардашвили.

Станува збор за уште едно гостување кај Еспањол, како и натпревар на домашната „Месталја“ против Алавес на 22-ри јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни