Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Голема револуција: УЕФА ги исфрла садовите и топчињата од традиционалната ждрепка во ЛШ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChampionsLeague

Овој петок во Нион ќе се одржи ждрепката за четвртфиналињата и полуфиналињата во Лигата на шампионите, а во најавата за случувањето во европската куќа на фудбалот, УЕФА полека се подготвува и за најголемата револуција која ќе следи во најелитното натпреварување.

Европската фудбалска Федерација веќе долови како ќе изгледа новиот формат на Лигата на шампионите и дека во групната фаза ќе учествуваат 36 екипи кои ќе бидат распоредени во четири групи, но ова сепак нема да биде единствената голема промена во омилениот турнир на фудбалските фанови.

Угледниот „Скај“ пренесе ексклузива дека ќе има вистинска револуција и во првата ждрепка за новата сезона која ќе се одржи во месец август, бидејќи наместо традиционалното извлекување, ќе гледаме само компјутерско распоредување на тимовите.

Џорџо Маркети како генерален секретар на УЕФА го објаснил големиот новитет пред неколку влијателни новинари, а истите сега ја пласираа информацијата во јавноста и објаснија дека веќе нема да ги има традиционалните садови и топчиња во првата фаза од натпреварувањето.

УЕФА постигнала договор со компанија од Хертфордшир (Англија) која нуди компјутерска програма за решавање на комплексниот систем кој го воведоа водечките луѓе на фудбалот, а со тоа ќе се заштеди големо време, но ќе се задржи и веродостојноста на извлекувањето.

Ако се одело според традиционалното извлекување, проценките се дека настанот би траел измеѓу три и четири часа и би се употребиле 900 топчиња за да се одреди целосниот распоред на групната фаза, а со големата револуција, компјутерот ќе ги распредели сите 36 тима во четири групи и ќе одреди целосен распоред за само 35 минути.

Според најавите кои ги пренесоа медиуми како „Скај“, „Марка“ и „Гардијан“, традиционалниот пристап сепак ќе се остане важечки за нокаут фазите, па во осминафиналето и четвртфиналето повторно ќе има рачно извлекување како и досега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни