Италија
Голема радост за Фабрегас: Рома се бранеше 93. минути, па доби нокаут во 180 секунди (Видео)
Фудбалот е игра во која еден од тимовите најчесто добива награда за храбрата игра, а дефиниција за такво сценарио добивме оваа вечер во Комо, каде истоимениот тим ја нокаутираше Рома длабоко во судиското надополнување.
Рома врза два добри настапи и убедливите победи против Лече и Брага му донесоа потребен мир на Клаудио Раниери, но истиот е трае само до денеска.
„Волчицата“ играше кукавички во најголем дел од натпреварот против Комо и се обидуваше да го одржи почетниот резултат, па откако се бранеше речиси цел меч, на крајот доби фудбалски нокаут во судиското продолжение.
Габриелони најпрво шмекерски постигна гол во манир на врвен голгетер и го матираше Свилар во 93-та минута, а 180 секунди подоцна, истиот играч ја иницираше контрата по која Нико Паз ги постави конечните 2:0.
Оваа победа донесе огромна радост и насмевка на лицето на Сеск Фабрегас, бидејќи Комо со овие три бода избега од опасната зона на табелата.
Од друга страна, ваквиот епилог јасно става до знаење дека Раниери има уште многу работа пред себе, па останува да види како ќе се справи со проблемите во периодот кој следи.
Головите погледнете ги ТУКА
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП21 час
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија21 час
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер