Поврзете се со нас

Германија

Голема промена во бундеслигашот: Терзиќ побара да си замине, Дортмунд му ја исполни желбата

Објавено

на

foto: x.com/BlackYellow

Актуелниот eвропски вицешампион, Борусија Дортмунд од денеска е во потрага по нов тренер, наследник на Един Терзиќ кој побара да си замине од „Сигнал Идуна Парк“.

Терзиќ долго време е дел од „црно-жолтите“ со тоа што во последните години беше активен како главен стратег, позиција на која најголем успех му е освоениот Куп трофеј во 2021 година, а тука секако е и овогодинешното финале на Лигата на шампионите каде неговиот тим загуби од Реал Мадрид со 2-0.

Тој по финалето на „Вембли“ седнал на маса со управата на Дортмунд, побарал раскин на договорот и откако се разговарала на оваа тема неговото барање, желба е исполнета.

-За мене е неверојатно болно да им го кажам ова на сите навивачи на црно-жолтите, ама денес се разделувам со Борусија Дортмунд. Беше огромна чест да се освои Купот на Германија со БВБ и да се води овој фантастичен клуб до финалето на Лигата на шампионите. По натпреварот на Вембли, побарав средба со високиот менаџерски тим на клубот, бидејќи по девет години – вклучувајќи шест во стручниот штаб и две и пол како главен тренер – чувствувам дека новата ера на клубот треба да започне со нов човек крај аут линијата.

-Сите блиски до мене знаат дека ова беше многу тешка одлука за мене да ја преземам последните неколку недели, но по интензивните дискусии моето фундаментално чувство не се промени. И посакувам се најдобро на Борусија Дортмунд, благодарам и се гледаме наскоро, -порача Терзиќ.

Ова воедно би требало да значо дека во клубот ќе остане Матс Хумелс кој не беше во добар однос со стратегот и медиумите дури пренесоа дека му порачал на клубот да бира меѓу него и Терзиќ.

Може да остане само под еден услов: Хумелс на добар пат да го заврши вториот престој во Дортмунд

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни