Поврзете се со нас

Англија

Голема промена: Симеоне останува без својот најверен соработник кој е со него од првиот ден во Атлетико (Видео)

Објавено

на

Диего Симеоне прерасна во врвен фудбалски стручњак и се избори за привилегија да биде најплатен стручњак во светот, сето тоа како резултат не незаборавните 13 години кои ги има во Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот стручњак мина низ многу подеми и освои бројни титули со тимот од шпанската престолнина, а клубот под негова палка доби навистина посебна репутација во Европа и со години наназад е при самиот врв.

Симеоне стави потпис на нов договор и стави до знаење дека неговата етапа во Атлетико не е завршена, но тоа не важи за неговиот најверен соработник кој од првиот ден му прави друштво на „Метрополитано“.

Кондицискиот тренер Оскар Ортега стана многу познат во јавноста поради своите брутални тренинзи и екстремно тешки вежби на кои мораа да одговорат ѕвездите на Атлетико, но по 13 години незаборавна врска со Чоло и клубот, искусниот фудбалски работник соопшти дека си оди на крајот од сезоната.

Популарниот „Профе Ортега“ е омилен лик меѓу играчте на Атлетико и неговото заминување тешко ќе се надомести, а нема да му биде лесно и на Симеоне кој ќе остане без својата верна сенка на тренинзите.

– Кога ќе ми истече договорот во месец јуни, ќе затворам еден убав и незаборавен циклус. Мислам дека е време да се даде кулминација. Тоа е одлука која долго ја размислувам, но начелно се договорив со семејството, а зборував и со Диего кој се подготвува за разделбата.

– Мислам дека завршивме одлична работа, го консолидиравме клубот во натпреварувачка смисла и растеме во секој професионален апсект. Мислам дека е време да се тргнам настрана и да го затворам овој циклус од кариерата, – порачува Ортега.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни