Поврзете се со нас

АТП

Голема промена пред Австралија Опен: Ѓоковиќ се разделил со важен член од својот тим

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вчера слета во Аделајд и со тоа завтори едно немило поглавје во својот живот, бидејќи се врати на „местото на злосторот“ една година по неверојатните случувања кои ги доживеа во Австралија.

Србинот вчера без проблеми слета во земјата која му изрече „црн печат“ поради протерувањето на почетокот на 2022-ра година, но која по промената на властите реши да ја промени одлуката и да го помилува најтрофејниот тенисер на грен слемот во Мелбурн.

Новак доби дозвола да игра на новото издание на Австралија Опен, но пред големиот турнир, „Спорт Клуб“ почна да се фокусира само на спортските случувања и попладнево извести за голема промена во тимот на Ѓоковиќ.

Ноле не ја продолжил соработката со важен член во својот тим, односно со познатиот физиотерапевт Улисес Бадио кој прерасна и во миленик меѓу фановите на Србинот поради неговите страствени реакции од трибините.

Аргентинецот повеќе не е дел од тимот на Ѓоковиќ, а негова замена е Италијанецот Клаудио Цималја со кого Новак денеска веќе бил забележан на тренингот во Аделајд.

Цималја е познат италијански физиотерапевт од Торино, до скоро соработуваше со Брендан Накашима, а претходно во кариерата работеше и со Милош Раониќ и Јаник Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни