Голема полициска акција: Две лица уапсени поради трансферот на Митровиќ во редовите на Њукасл

Aleksandar_Mitrovic

Медиумите во Англија и Белгија пренесуваат дека во тек е голема полициска акција во Лондон, Монако и Брисел поради сомнеж дека се испрани голем број на пари во трансферот на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ во Њукасл.

Полицијата спровела истрага и ги претресила просториите на фудбалскиот клуб Андерлехт како и на Фудбалската Федерација на Белгија.

Во акцијата се уапсени еден менаџер и неговиот асистент, но се уште не се споменуваат имињата.

Полицијата се уште не дала официјални информации, но „АФП“ пренесува дека станува збор за нерегуларности околу трансферот на Митровиќ кој во 2015 година од Андерлехт се пресели во Њукасл за сума од 19 милиони евра.

Facebook Коментари