Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Голема победа во 100. меч во Европа: Лазаров и Нант му одржаа лекција на Кил

Објавено

на

Кире Лазаров и Нант направија големо изненадување и славеа над Кил со 35-27 во вечерашниот меч во Бундеслигата.

Францускиот претставник му одржа вистинска лекција на бундеслигашот и тоа на негов терен, првиот дел го реализираше со 15-12, а уште подобар беше во продолжението кое го реализираше со 20-15 за конечни на крајот плус осум.

Во оваа голема победа на Нант во нивниот 100 натпревар во Европа најефикасен беше Ривера со десет погодоци, Фигуерас пак додеде 6 голови. Нашиот репрезентативец Лазаров беше автор на два гола од седум обиди.

Пекелер и Сагосен за домаќините дадоа по 4 голови.

Нант во следното коло ја пречекува Барселона.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни