Поврзете се со нас

Италија

Голема победа на Удинезе: Несторовски ја докусури Рома на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Удинезе направија големо изненадување и славеа над Рома со 2-0 во вечерашниот натпревар на „Олимпико“.

Ова за Удинезе се многу важни три бода во борбата за опстанок во Серија А, победа во која свој придонес даде македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Прилепчанецот влезе во игра во 65 минута на местото на Окака за да во 78 го искористи додавањето на Де Пол и ја затресе мрежата на домаќините за 2-0 со што и го постави конечниот резултат.

За Иле ова беше втор сезонски погодок, прв по месец ноември кога погоди против Сампдорија.

Инаку гостите во Рим поведоа преку Ласања во 12 минута, а по половина час добија подобар од домаќините поточно од Пероти кој стартуваше невнимателно и заработи директен црвен картон.

Удинезе со 31 бод е на 14 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни