Поврзете се со нас

Македонија

Голема победа на стартот на турнирот во Скопје: Девојките до 17 години со фудбалска лекција за Молдавија

Објавено

на

Македонските фудбалерки до 17 години ја остварија првата победа во квалификацискуот турнир за ЕП кој се одржува во СКопје, откако денеска со убедливи 5:0 ја декласираше селекцијата на Молдавија.

Репрезентативките им одржаа лекција на своите врснички на тренинг центарот „Петар Милишевски“ и се изборија за први три бода на турнирот кој се игра во нашиот главен град, а најдобра на теренот беше Настасја Накова.

Нашата фудбалерка успеа да постигне хет-трик и беше вистинска хероина во победата на македонскиот тим, кој денеска предводен од селекторката Катерина Милеска докажа дека поседува далеку поголем квалитет од Молдавија.

Покрај трите гола на Накова, по еднаш во листата на стрелките се запишаа и Калина Попески и Ева Величкова, па ова беше најдобра увертира за натпреварот против Словенија кој го играме на 12-ти март во 11:00 часот претпладне.

Македонија – Молдавија 5:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни