Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер издвојува голема победа над Висла Плоцк од 21:18 во средбата од 10. коло во Лигата на шампионите.

„Зелено-белите“ посакуваат пласман во нокаут фазата, а токму вакви резултати, триумфи се потребни за место кое води во наредната рунда. Во борбен и исцрпувачки меч, Пелистер подобро се снајде во „Боро Чурлевски“ за второ славје во групата и шести бод со што е на позицијата број шест.

Се постигнаа само 39 гола во Битола што доволно говори за случувањата на теренот и колку секој гол беше важен за конечниот епилог.

Домаќините првиот дел го добија со 12:10, вториот пак со 9:8.

Кузмановски со седум гола беше прв стрелец, голманот Митревски пак се истакна со дванаесет интервенции. Кај поразените Зарабец постигна шест гола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни