Голема неправда: Италијанците го „ограбија“ Иџе на Имола, македонскиот возач збесна (Видео)

idze-misano

Игор Стефановски беше исклучително брз на денешната трка во ТЦР шампионатот на Италија, но на крајот доживеа неверојатна неправда од страна на домаќините кои му ја одземаа заслужената победа поради инцидент во кој тој немаше никаква вина.

Иџе најпрво беше бизарно казнет поради лошо позиционирање при стартот кое секогаш се прелгедува од страна на одговорните лица, но сепак она што следеше за време на трката беше уште пострашно. Водечкиот Бетера влезе прешироко во една кривина и излета од патеката, а иако Иџе остана во својата линија, одговорните луѓе одлучија да го казнат со пет секунди и да му ја одземат победата.

Сето ова предизвика голем револт кај македонскиот возач пред утрешната трка на Имола, па во бес дури и се закани дека ривалите ќе летаат во тревата.

– Безвезен викенд. Не сакам да излезе дека се жалиме, но жената на стартот беше таа што ме намести како треба да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Очигледно е дека не можат да се помират со тоа дека сме брзи. Не знам што да кажам, преку глава ми е. Потоа добив нова казна од пет секунди за удар при лизгање, а видете какво е времето, двајцата возачи излетавме. Не ми е јасно, не можат да се помират дека сме напред, дека сме брзи. Жалам што не ја искористивме шансата и не дојдовме до подиум. Утре нека ми дадат и казни ако треба, ама некој ќе лета во трева, мора да дојдеме до подиумот, – порача лутиот Иџе Стефановски.

Facebook Коментари