НБА
Голема НБА ѕвезда завршила во притвор поради поседување на оружје и дрога во својот автомобил
Ражон Рондо своите најдобри играчки денови ги имаше во Бостон каде стигна до првиот шампионски прстен, а последните ѕвездени изданија ги имаше за Лос Анџелес Лејкерс пред четири години.
Иако играше на врвно ниво до пред извесно време и ја освои титулата со ЛеБрон Џејмс, Рондо веќе две години е надвор од паркетите и покрај тоа што нема официјално отидено во пензија, но последните случувања јасно алудираат на тоа дека не е блиску до такво нешто.
Рондо минатата година беше обвинет за физички напад од женско лице и мораше да плаќа отштета, а сега повторно ќе биде изесен пред суд поради незаконско поседување на оружје и дрога.
При еден рутински преглед од страна на полицаец кој го застанал неговито автомобил, било откриено дека Рондо поседува марихуана и огнено оружје, по што експресно бил пренесен во станица, а потоа префрлен и во притвор.
Американските медиуми откриваат дека Рондо експресно платил кауција и си ја купил слободата, но допрва ќе треба да дава објаснувања пред судот за нелегалните работи кои биле најдени во неговиот автомобил, вклучувајќи и прибор за полесна употреба на дрога.
Говорејќи за неговата кариера, Рондо е двократен НБА шампион, а четири пати беше дел од Ол-стар натпреварите.
-
Шпанија19 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија17 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија16 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија20 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Шпанија23 часа
Иниеста пушти солзи уште при првата реченица: Се одјави како играч, но веќе го најави својот следен чекор (Видео)
-
Англија21 час
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација21 час
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа