Поврзете се со нас

АТП

Голема измама на УС Опен

Објавено

на

Францускиот тенисер Жил Мари беше жртва на голема измама на УС Опен во Њујорк.

Моментално на 295. место во светот добил два мејлови во кои пишуваше дека сепак ќе игра во квалификациите, но тоа не беше точно. Пораките доаѓале од анонимно лице кое се претставило како менаџер на турнирот.

Мари беше неколку дена во Њујорк, со надеж дека со повлекување на двајца играчи ќе добие шанса да стапне на теренот на „Флешинг Медоус“.

Во вторникот на 20 август во раните попладневни часови добил мејл дека се исполнети условите, и дека двајцата се повлекле од турнирот.

Вториот мејл ја донесе информацијата дека треба да оди на тренинг, пред натпреварот против неговиот сонародник Квентан Алис, закажан за 16:00 часот на теренот број четири.

Мари отиде во комплексот УС Опен, каде го запознал вистинскиот менаџер, кој му порачал: „Жил, извини, не знам кој ти пратил мејлови…“.

Да биде работата побизарна, овој 32-годишен тенисер имаше идентична ситуација на Вимблдон, за што во меѓувреме контактирал со полицијата.

Најдобриот пласман Мари го имаше во март годинава, кога беше 203. на АТП листата, со тоа што никогаш не играл на турнир од АТП серија.

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 11 часа

Ова ретко се гледа: Де Лаурентис пролеа солзи при говорот за Наполи, новинарите му дадоа аплауз (Видео)

Аурелио Де Лаурентис пред два дена прослави 20-годишнина од денот кога првпат го презема Наполи, клуб кој под негово водство...

Италијапред 17 часа

Капело прозва една ѕвезда по хаотичниот период во Милан: Време е да стане маж и да стави крај на детските каприци

Милан тргна многу лошо во ерата на Пауло Фонсека и се уште нема освоено бод во Серија А, но далеку...

Италијапред 20 часа

Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…

Златан Ибрахимовиќ доби нова улога во калчолигашот Милан, улога во која имаше доста влијание во трансфер операциите на клубот, потези...

Италијапред 24 часа

Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо

Рома лошо ја започна натпреварувачката 2024/2025 во италијанската Серија А каде по три кола освои само два бода иако реално...

Италијапред 1 ден

Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…

Маурицио Сари доста долго е активен на тренерската сцена со тоа што неговото име доби на тежина, популарност од 2015...

Реклама

Популарни