Поврзете се со нас

Зимски спортови

Голема хокеј трагедија: Капитенот на Динамо почина откако беше погоден со пак во главата! (Видео)

Објавено

на

Хокеарската Федерација на Русија денеска пренесе една ужасна вест за трагичната и жална судбина на талентираниот млад хокеар Тимур Фајзтудинов, кој денеска починал во болница откако три дена бил во кома по добиен удар во главата.

Капитенот на младинскиот тим на Динамо Санкт Петербург добил силен удар со пак во главата на натпреварот против Локо од Јарослав, а за жал пакот завршил во пределот од главата кој не е заштитен од кацигата.

По добиениот удар и губењето на свеста уште на теренот, 19-годишниот Тимур бил хоспитализиран во најблиската болница, а иако семејството инсистирало да биде префрлен во Москва, неговата состојба била исклучително критична, а денеска била утврдена смрт.

– На 16 март почина дефанзивецот на Динамо Санкт Петербург, Тимур Фајзутдинов. Капитенот на клубот од младинската хокеарска лига беше хоспитализиран откако го удри пак во главата за време на мечот од плејофот против Локо (Јарослав). Тимур доби врвна стручна помош, три дена лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал, спортистот не успеа да се спаси.

– Тимур имаше деветнаесет години, тој одигра 190 натпревари за Динамо во МХ лигата, а пред сезоната 2020/21 беше назначен за капитен на клубот од Санкт Петербург. Руската федерација за хокеј на мраз изразува најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Тимур, како и до целата хокеарска заедница во врска со трагичната смрт, – гласи објавата на Руската Федерација.

Во продолжение, го проследуваме вознемирувачкото видео од ударот кој го добива во главата….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни