Поврзете се со нас

Формула 1

Голема грешка во Франција: Бесниот крик на Леклер одекна преку тимското радио на Ферари (Видео)

Објавено

на

Шарл Леклер ги одби почетните налети на Макс Ферстапен и го преживеа првиот бран на трката за Големата награда на Франција, но кога требаше да притисне по влегувањето во бокс на Холанѓанецот, следеше голема грешка.

Возачот од Монако загуби контрола над своето Ферари во 18-от круг и излета во 11-от свиок на патеката Пол Рикар, па иако и самиот направи грешка, преку тимското радио се пожали и на проблем.

Најдобра вест е што Леклер го мина инцидентот без никакви проблеми, но луѓето од тимското радио не можеа да го утешат својот возач иако го прашуваа само дали е во ред.

– Не можев да отпуштам гас….Неееееееее, – бесно викаше Леклер од својот болид.

Ова е голем удар за шампионските амбиции на Леклер, уште повеќе ако се знае дека Ферстапен го замени на првото место и ита кон нова победа оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни