Поврзете се со нас

Македонија

Голема грешка го одбележа стартот на вториот дел од сезоната, Работнички освои цел плен во Струмица (Видео)

Објавено

на

Академија Пандев и Работнички го отворија вториот дел од сезоната во Првата македонската фудбалска лига, но таканаречениот пролетен дел од кампањата започна со снег и лоши временски услови за игра.

Во натрупаниот со снег терен во Струмица, беше евидентно дека не може да се игра допадлив и возбудлив натпревар, па во таква ситуација, на крајот пресуди една голема грешка на домашниот голман, а и одлична завршница на гостинскиот фудбалер Кристијан Стојкоски.

Снегот и на места замрзнатиот терен не им овозможуваше на играчите да има нормален проток на топката, па во 79-та минута пристигна големиот кикс и лошото исфрлање на домашниот голман Марко Јовановски, по што офанзивниот играч на Работнички до десна нога погоди за 0:1.

За Стојкоски ова беше прв гол во сезоната, но што е поинтересно, истиот се покажа како доволен за победа против неговиот поранешен клуб, бидејќи претходно ги бранеше боите на Академија Пандев.

Александар Васоски тргна со пораз во својата нова авантура во Струмица, а од друга страна пак, Влахо ја започна со победа својата втора етапа во клубот од Дебар Маало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни