Поврзете се со нас

Англија

Голема ѕвезда на Сити загрижена поради „темните облаци“ над тимот, Пеп гледа поинаку: Не се согласувам со тој став

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити за првпат загуби на три меча во низа од 2018-та година, но иако многумина говорат за вклучен црвен аларм на „Итихад“, Пеп Гвардиола засега останува максимално мирен.

Двата порази од Тотенхем и Борнмут беа надополнети со тежок потоп од 4:1 на гостувањето во Лисабон кај Спортинг, а еден од најкритички настроените по ваквиот пораз беше Бернардо Силва.

Искусниот офанзивец посочи дека во моментов се надвиснати „црни облаци“ над тимот и дека ситуацијата не изгледа воопшто добро, па посака што побрзо враќање на играчите кои отсуствуваат поради повреди.

– Ова е уште еден разочарувачки резултат во низа, што прави да има црни облаци нас нас. Во овој момент изгледа како се да оди против нас. Дури и кога играме добро, не ги користиме нашите шанси и не постигнуваме голови. Од друга страна, премногу лесно примаме голови и така станува многу потешко. Мора да се погледнеме меѓу себе и да сфатиме што е погрешно. Мора што побрзо да се опоравиме, инаку ќе биде многу тешко да се вратиме после вакви порази. Се надевам дека што побрзо ќе се вратат играчите кои недостасуваат, – изјави загрижениот Силва, став со кој не се согласува неговиот менаџер.

– Не се согласувам со ставот на Бернардо. Игравме навистина лошо против Борнмут, но не и против Спортинг. Жалам само за третиот и четвртиот примен гол, другото беше добро. Игравме добро и треба да продолжиме напред. Кажав дека ќе биде тешко уште пред да почне сезоната, таков е фудбалот. Сакам да бидам во ваква позиција, сакам да ги враќам моите фудбалери. Сега со мислите веќе сме на Брајтон, сигурно е дека нема да се предадеме, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни