Лига на шампиони
Голема драма во Мадрид: ВАР му поништи пенал на Алварез, Реал се пласираше во четвртфиналето (Видео)

Реал Мадрид излезе како победник во големата драма на градското дерби со Атлетико, кое беше решено со изведување пенали.
Атлетико во регуларниот дел славеше со 1:0, натпреварот отиде во продолжение, а потоа и во пенал завршница, во која домаќините имаа едно промашување повеќе.
Атлетико Мадрид поведе уште во првата минута, а стрелец на експресниот гол во градското дерби беше Конор Галахер, кој донесе голема радост на „Метрополитано“.
Англискиот интернационалец со својот гол ја неутрализираше предноста на Реал од првиот натпревар, па домаќините можеа да продолжат со многу помал ризик на дуелот на кој имаа уште неколку обиди да го зголемат водството.
Реал не одигра на препознатливото ниво, но еден мајсторски потег на Килијан Мбапе обезбеди пенал на дваесетина минути до крајот.
Топката ја зема Винисиус, но со својот шут ја испрати на трибина и на тој начин предизвика нова еуфорија меѓу домашните фанови.
До крајот немаше погодок, а истото се случи и во дополнителните триесет минути, па победникот се решаваше на пенали.
Алварез постигна гол, но со ВАР проверката беше утврдено дека подлизнувајќи се, имал два контакти со топката и неговиот погодок беше поништен. Две серии подоцна, Облак го одбрани ударот на Лукас Васкез, но веќе при следниот пенал, Љоренте ја погоди гредата и Реал си ја задржа предноста.
Álvarez's penalty is overturned by VAR after a double touch 😳
📺 Watch the Champions League LIVE on @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/q7Rs0ngfX7
— Football on TNT Sports (@footballontnt) March 12, 2025
Во петтата серија шутираше Ридигер, па и покрај слабиот удар и реакцијата на Облак, топката заврши зад гол-линијата и Реал избори место во четвртфиналето каде ќе се сретне со Арсенал.
Најинтересните моменти можете да ги видите ТУКА
-
Формула 19 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија18 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија17 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија20 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Луд меч на Муричи во Шпанија: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка во 97 минута (ВИДЕО)