Поврзете се со нас

НБА

Голема драма во Феникс, Ејтон донесе победа за домаќините во последната секунда (Видео)

Објавено

на

Феникс Санс води и со 2:0 против Л.А Клиперс во финалето на западната конференција во НБА плејофот, а овој пат до победата (104:103) дојде на неверојатен начин.

Двете екипи обезбедија неизвесен натпревар, Феникс во последниот период стигна до седум поени предност, но Клиперс се вратија во игра за победа и се чинеше дека има добиен натпревар.

Но, Феникс не се откажа и на 0,9 секунди до крајот комбинацијата Краудер-Ејтон донесе голема радост за домашните фанови, реализирајќи на начин кој ретко се случува, посебно на толку важен натпревар.

Пејн со 29 и Ејтон со 24 поени биле најефикасни во победничката екипа, додека Букер го заврши натпреварот со 20 поени.

Џорџ со 26 и Џексон со 19 поени беа најдобри реализатори кај Клиперс, кој ќе биде домаќин на следните две средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни