Поврзете се со нас

Македонија

Голема дерби победа: Работнички ја освои Битола со само осум кошаркари

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Вртоглавниот пад на Пелистер од стартот на 2025-та година е нешто што значително ги намали шанси за вицешампионот да има подобра позиција во плејофот, а денешниот шести пораз од месец јануари е јасен доказ дека работите се далеку од идеални во Битола.

Работнички отпатува со само осум достапни кошаркари на тешкото гостување, но центарци покажаа истрајност и голема пожртвуваност, благодарение на која стигнаа и до повеќе од заслужена победа, втора во низа во пресметките со Пелистер.

Стартот на натпреварот не најавуваше вакво расплет на настаните поради добрата прва четвртина на домаќините, но Работнички експресно реагираше, и веќе во втората четвртина почна да го врти резултатот во своја корист.

Гостите на полувреме имаа минимална предност од 42:41, но клучната разлика ја направија во третите десет минути, кога Работнички замина на двоцифрена предност.

Гостите го добија овој дел од играта со 24:15 и практично си ја осигураа победата, која потоа само ја одбранија до самиот крај на мечот (90:83).

Важна победа денеска оствари и Феникс на гостувањето кај Гостивар, натпревар на кој славеше со 89:75.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни