Голема чест за Кристијано: Роналдо добива свој стадион во Лисабон

José Alvalade

Добро е познато дека Кристијано Роналдо е дете на португалскиот гигант Спортинг Лисабон кој сега сериозно размислува својот стадион да го преименува со името и презимето на ѕвездата на Јувентус.

Оваа информација ја соопшти првиот човек на Спортинг, Фредерико Варандаш кој верува дека тоа е идеја која лесно може да се оставари од проста причина што Кристијано е симбол на клубот.

-Тоа е идеја која не ја отфрламе, би биле горди на тоа. Кристијано е и секогаш ќе биде еден од најголемите симболи на клубот. Горди сме што сме поврзани со Кристијано Роналдо и дека името на најдобриот играч во светот оди рака под рака со Спортинг, -порача Варандаш.

Сегашното име на стадионот е „Жозе Алваладе“ и истото не е променето повеќе од 60 години или поточно од изградбата на овој спортски објект. Инаку Жозе Алваладе е основач и прв член на Спортинг, тим кој има голема традиција во Португалија.

Facebook Коментари