Балкан
Голема чест за Дарко: Панчев го предводи нападот во најдобриот тим во историјата на Црвена Звезда (Фото)

Црвена Звезда е симбол за фудбалски великан од овие простори и најголемите успеси ги оствари во поранешна Југославија, односно со генерацијата која испиша историја со освоената европска, но и светска титула.
Дарко Панчев и Илија Најдоски беа дел од златната генерација на српскиот гигант, па иако поминаа повеќе од три децении од тие незаборавни моменти, носталгичните фудбалски фанови и ден денеска со големо задоволство се навраќаат на уникатните спомени.
Српскиот медиум „Моцарт Спорт“ пред извесно време активираше анкета во која биле вклучени 90 угледни новинари од овие простори, а целта беше да се состават двата најдобри тима во историјата на Црвена Звезда и Партизан.
Поради се она што го направи за Звезда, Дарко Панчев е избран како фудбалер кој го предводи нападот во историскиот тим на Звезда, во кој во офанзивниот дел има уште место за Савичевиќ и Џајиќ.
Во најдобриот тим на Звезда се најдоа уште Беара како голман, Михајловиќ, Белодедиќ и Станковиќ во одбраната, додека средниот ред е засилен со Стојковиќ, Шекуларац, Митиќ и Петровиќ.
Najbolji tim u istoriji @crvenazvezdafk po izboru ukupno 90 novinara iz Srbije i regiona u velikoj anketi Mozzart Sporta! 🤩 #fkcz pic.twitter.com/rPfhHIgZUY
— Mozzart Sport (@MozzartSport) February 26, 2025
Напоредно, новинарите кои ги исконтактирал „Моцарт Спорт“ имале можност да го изберат и најдобриот тим во историјата на Партизан, а изборот паднал на следните 11 играчи:
Шошкиќ, Јусуфи, Васовиќ, Зебец, Ковачевиќ, Чајковски, Милутиновиќ, Вукотиќ, Бобек, Галиќ и Мијатовиќ.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија23 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)