Одбојка
Голема борба во „Борис Трајковски“: Одбојкарите ја добија драмата со Хрватска за второ славје во Златната лига

Македонската одбојкарска репрезентација славеше над Хрватска со 3-2 во сетови во рамките на третото коло во Златната европска лига.
Голема драма, борба, надмудрување, неизвесност, тензија донесе вечерашниот меч во СЦ „Борис Трајковски“, меч во кој избраниците на Миленкоски сепак го имаа последниот збор и ја довршија задачата со оглед на тоа што водеа со 2-0 во сетови.
Популарните „спартанци“ одиграа два сигурни сета (25-17, 25-22) по која се стекнавме со убава предност, но Хрватите не се предадоа, одговорија на предизвикот и со 25-22 и 31-29 се изборија за петта решавачка рунда.
Во истата ние го контролиравме резултатот, противникот даваше отпор, меѓутоа водени од публиката нашите одбојкари успеаа да го докрајчат противникот со 16-14 за второ славје во ова натпреварување.
Со 5 бода сме на второто место во групата, следниот дуел ние на гостински терен на 10 јуни против Белгија, селекција која во Скопје ја добивме со 3-1.
Претходно пак македонските одбојкарки го претрпеа третиот пораз во Сребрената лига и тоа од Естонија со 3-0 во сетови со 25-10, 25-14 и 25-20.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)