Македонија
Голем успех за ПСС Рејсинг: Џиролами на подиум на ТЦР трката во Словачка

ПСС Рејсинг стигна до место на победничкиот подиум на трката од ТЦР Европа, откако Франко Џиролами го освои третото место на втората трка од првиот натпреварувачки викенд во Словачка.
Откако вчера Џиролами и Виктор Давидовски освоија бодови на првата трка, правилата за стартување според резултатот од квалификациите му овозможи на Аргентинецот да стартува од четвртото место на втората трка, а тој тоа го искористи за прв пиедестал во новата сезона.
Трката започна со безбедносно возило уште по првиот круг, а Џиролами во продолжение постојано успешно ја бранеше третата позиција и не дозволи некој од конкурентите да го остави без заслужениот успех на патеката во Словачка.
На вчерашната трка Џиролами беше удрен во првиот круг и му беше оштетенa Хондата, па подоцна мораше да се задоволи со 12. позиција, додека Давидовски беше веднаш зад него на 13. место.
Давидовски го освои 18. место на денешната трка и останува на 5 поени, додека Џиролами има 42 по првите две трки во ТЦР Европа.
На денешната трка победи Меди Бенани со Хјундаи Елантра Н, пред вчерашниот победник, Микел Аскона со Cupra Leon P.
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 24 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 18 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…