Поврзете се со нас

Репрезентација

Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија ја израдува цела спортска јавност во нашата земја, откако денеска во големото финале излезе како победник со селекцијата на Швајцарија.

Во завршниот чин на ЕХФ шампионатот во Рига, избраниците на Раде Стојановиќ ја добија драматата со Швајцарија и победија со 24:22, триумф со кој си обезбедија пласман на кадетското Светско првенство наредната година, како и на младинското Европско првенство во 2024-та година.

Стартот на мечот во Летонија донесе израмнета игра во која се играше гол за гол, се до крајот на првото полувреме кога Македонија направи прва осетна предност од три разлика (13:10).

Најголемата предност ја имавме на стартот на вториот дел со голот за 14:10, но потоа следеше црна дупка и пад во играта, која направи контролата да ја преземат Швајцарците. Противниците израмнија на 14:14 и потоа во последните 10 минути влегоа со предност, па дури и водеа со 20:22.

На крајот пресуди завршната серија на Македонија и одличната игра во одбрана, а клучни беа и двата гола на Димковски за 22:22 и 23:22. На крајот, победивме со 24:22 и Димковски го заврши натперварот со седум реализации, но сепак за најдобар играч на мечот беше избран голманот Брестовац. Од останатите македонски репрезентативци се истакнаа уште Петковски со шест и Калајџиески со четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни