Голем успех: Стивенс триумфираше на Ју-Ес Опен!

stivens

Американката Слоун Стивен е новата грен слем шампионка на Ју-Ес Опен, откако вечерва во големото финале ја победи сонародничката Медисон Киз со 2-0 во сетови.

Финалниот меч траеше само еден час, а за време на истиот доминираше Стивенс со 6-3 и 6-2. Ова за неа е прва титула на ваков голем тунир со што на перфектен начин заокружи едно патување, враќање од повреда по скоро една година, односно пред шест недели беше 957 на ВТА листата, а пак од понедленик ќе се искачи на 17 позиција.

Киз која беше 15 носителка ќе мора да чека на нова прилика за да слави на ваков голем настан на грен слем.

Facebook Коментари