Карате
Голем успех постигнаа каратистите на Макпетрол на ЕП: Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се бронзени медалисти

Македонските репрезентативци во највозрасната младинска категорија на помлади сениори (У-21), Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ја одбранија честа на македонското карате и ја продолжија традицијата на освојување медали на европските шампионати.
Тие вчера (Недела), на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, ги освоија бронзените медали.
Петар Заборски тренерот на младите каратисти изјави:
–Задоволни сме од постигнувањето на нашите репрезентативци кои ги бранеа боите на Македонија. Во елиминацискиот дел во (Саботата), тројца наши спортисти од вкупно четири ги загубија полуфиналните борби, и не успеаја да влезат во финалето во своите тежински категории. Сите тројца загубија во 4 -тото коло, но и сите тројца добија шанса да се борат за бронзениот медал.
-Шансата ја искористија нашите актуелни Светски вицешампиони Витомир Трајковски -84 кг и Стефан Стојанович +84 кг, но за жал, Викторија Јовановска не успеа да направи хет-трик , иако и таа беше на чекор до медалот, имаше поволен резултат за победа, од неправилно поставена тактичка стратегија за борба во последните секунди, допринесе таа да ја загуби борбата за медал со судиска одлука за излегување од борилиштето.
-Јовановска добро се бореше и не изгуби, туку нејзината борба заврши 3-3, но противничката Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина), на судиско изјаснување се закити со бронзениот медал. Викторија на крајот е 5 (петто) пласирана на ова европско првенство.
-Во делот на освојувачите на медали, сакам да истакнам дека во првото коло Витомир имаше борба со Актуелниот Светски првак Италијанот Матео Фиоре, и успеа да му се реваншира за поразот на светското финале и го победи со резултат 2-1, во елиминацискиот дел забележа уште две победи, и потоа несреќно загуби во полуфиналето но на крајот успеа да освои медал во една неизвесна борба директно за бронзениот медал Витомир Трајковски е бронзен медалист. Неговата борба со Данил Анисимов од Белгија завши 4-4.
Додека пак тешкашот, Стефан Стојановиќ беше убедлив и не дозволи никакво изненадување во борбата за бронзениот медал против Малик Багаев од Словачка која што борба заврши со убедлива победа од 4-0.
Трајковски и Стојановиќ се во добра натпреварувачка серија, бидејќи минатата година тие освоија сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња-Турција.
Трајковски годинава (15 јануари) во Атина на Карате 1 Серија (Светската карате лига) се закити со бронзен медал во сениорска конкуренција.
Ова е голем успех за нив, но и занивниот клуба Макпетрол и тренерите Бошко Заборски, Симона Заборска и кондицискиот тренер Иван Тиосавњевич.
На ЕП настапуваат 1136 каратисти од 41 држава.
Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21, на репрезентативците од Карате клубот Макпетрол – Скопје:
У-21
-84 кг
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 2-1
Витомир Трајковски – Жосе Миранда (Португалија) 4-3
Витомир Трајковски – Александар Калабиќ (Хрватска) 4-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Максим Бухаијов (Украина) 1-2
За бронза
Витомир Трајковски – Данил Анисимов (Белгија) 4-4
+84кг
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ли Шеридан (Ирска) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ондреј Босак (Чешка) 4-3
Полуфинале
Стефан Стојановиќ –Матео Аванзини (Италија) 4-5
За бронза
Стефан Стојановиќ – Малик Багаев (Словачка) 4-0
-61 кг
Викторија Јовановска – Фиона Шаедлер (Лихтеншатјн) 8-0
Викторија Јовановска – Марина Осман (Романија) 5-3
Викторија Јовановска – Александра Илановиќ (Унгарија) 6-3
Полуфинале
Викторија Јовановска – Кристина Крисопулу (Грција) 4-7
За бронза
Викторија Јовановска – Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина) 3-3
-59 кг
Јована Мицовска
Јована Мицовска Сенад МАмадеус (Холандија) 0-1
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 13 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик