Поврзете се со нас

Свет

Голем успех: Легендарниот Креспо го освои првиот трофеј како тренер (Видео)

Објавено

на

blank

Ернан Креспо ја започна својата шеста сезона како професионален самостоен тренер, а стартот на оваа 2021-ва година дефинитивно ќе го памети по својот прв огромен успех во улога на стручњак.

Креспо беше фантастичен голгетер и освои важи титули како врвен напаѓач, но сега ги покажува своите квалитети и како тренер, бидејќи неговата Дефенса и Хустисија направи голем подвиг во финалето на Копа Судамерикана.

Во второто најпрестижно јужноамериканско клупско натпреварување, завршната битка им припадна на Ланус и Дефенса и Хустисија, а во финалето далеку подобри на теренот беа избраниците на Креспо.

Дефенса и Хустисија победи со 3:0 благодарение на головите на Фријас, Ромеро и Камачо, убедлив триумф со кој Креспо за првпат се израдува на трофеј како тренер.

По крајот на својата блескава играчка кариера, Аргентинецот својата тренерска авантура ја започна во младинската школа на Парма, продолжи во Модена и Банфилд, а сега во втората сезона во Дефенса и Хустисија стигна до својот прв трофеј и навистина престижен во Јужна Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни