Голем успех: Ѓорческа го освои Хехинген за четврта титула во 2019 година

gjorceska-dinu trofej Hechingen

Најдобрата македонска тениерка, Лина Ѓорческа дојде до четвртиот пехар во игра на двојки во 2019 година и тоа на силниот фјучерс во Хехинген (Германија).

Тетовката во комбинација со Кристина Дину (Романија) во денешното финале ги победија вторите носителки Олга Даниловиќ (Србија) и Георгина Гарсија Перез (Шпанија) со што на идеален начин ја заокружија оваа седмица со оглед на тоа што до патот до пехарот славеа и над првите носителки (Јана Сизикова (Русија) и Далила Јакуповиќ (Словенија).

Лина и Дину победија на централниот терен со 2-1 во сетови со 4-6, 7-5 и 10-7 за еден час и 32 минути игра. Ова за Македонката е најзначајниот фјучерс на кој триумфирала, односно ги надмина оние што се играа за вредност од 50.000 американски долари со оглед на тоа што овој се играше за награден фонд од 60.000 американски долари.

Во оваа календарска година Ѓорческа во дубл славеше и во Минск, Есен и Гецо.

Facebook Коментари