Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Голем удар за Вујовиќ: Наместо победа, Вардар претрпе седми пораз во низа во ЛШ

Објавено

на

Вардар продолжи со црната серија во Лигата на шампионите и оваа вечер го претрпе седмиот пораз во низа во најелитното натпреварување, и тоа на средба која Веселин Вујовиќ ја оцени како круцијална за амбициите на тимот во Европа.

„Црвено-црните“ беа на добар пат да му ја остварат желбата на Вујо, водеа со три разлика во завршницата од мечот, но потоа следеше голем пад во играта и катастрофални минути кои на крајот резултираа со болен пораз.

Вардар водеше со 18:21 на осум минути пред крајот, но му дозволи на ППД Загреб да израмни, а голем хендикеп беше и тоа што Тото заработи црвен картон поради трето исклучување. Во ова неповолно сценарио, домаќинот иповеде и да осигура предност пред последниот напад на македонскиот првак.

Вујо повика тајм-аут и се обиде да организира вистинска акција, но ракометарите на Загреб ја прочитаа намерата на вардарци и така се одбранија од последниот напад кој можеше да донесе барем израмнување и бод.

Наместо тоа, Загреб победи со 23:22 и му го нанесе седмиот пораз во низа на Вардар во Лигата на шампионите, што е сериозен удар за Вујовиќ кој нервозно и разочарано веднаш се упати кон соблекувалните. Загреб го зазема шестото место на Вардар со оваа победа, па така македонскиот великан веќе не е во местата кои водат во наредната фаза во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни