Лига на шампиони
Голем удар за „Супер лигата“: УЕФА ќе може да ги исфрли клубовите од ЛШ

Клубовите кои останаа во проектот „Супер лига“ добија негативна вест во однос на процесот кој се води во Европската Унија, а е инициран како обид да се обезбеди заштита од суспензии од УЕФА и ФИФА при евентуално формирање на натпреварувањето.
Генералниот адвокат на кого му е доделен случајот го изнел својот став, а во него стои дека УЕФА и ФИФА имаат право да ги исфрлат од своите натпреварувања клубовите кои би формирале паралелен турнир.
– Европската Супер Лига е слободна да формира ново натпреварување надвор од УЕФА и ФИФА, но исто така не може да продолжи да учествува во актуелните натпреварувања без авторизација на УЕФА и ФИФА, – напишал Гркот Атанасиос Рантос во своето мислење кое ќе биде испратено до Европскиот суд за правда во Луксембург.
Иако Судот не е обврзан да го прифати мислењето на Рантос, во 80 проценти се случува такво сценарио.
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се клубовите кои останаа упорни во формирањето ново натпреварување, но ако Судот во Луксембург го потврди ставот на генералниот адвокат, тогаш веројатно уште еднаш ќе размислат дали би ризикувале исфрлување од Лигата на шампионите.
-
Светпред 22 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 17 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир