Поврзете се со нас

Балкан

Голем удар за Галатасарај: Турскиот клуб остана без голема ѕвезда до крајот на сезоната

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GalatasaraySK

Галатасарај вчера успеа да го победи Тотенхем во дербито во Лига Европа, но успехот на турскиот клуб е засенет со голем удар за тренерот Окан Бурук.

Сериозна повреда на дуелот заработи Мауро Икарди и фактот што беше изнесен на носилка беше јасен показател дека не се работи за наивен проблем, за денеска Галатасарај да потврди што се случи со Аргентинецот.

Икарди заработил повреда на лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена, објавил клубот утринава, со што само ги потврди шпекулациите дека црвено-жолтите останаа без многу важен играч на подолг рок.

Напаѓачот ги повредил лигаментите и менискусот и мора да оди на операција, па му останува да се рехабилитира за навреме да се подготвува за новата сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни