Англија
Голем удар за Енцо: Мареска го загуби својот омилен дефанзивец до крајот на сезоната
Енцо Мареска неколку недели повторуваше дека неговиот Челси не е кандидат за титулата во Премиер лигата, предвидување кое стана реалност во финишот од месец декември.
Челси ја заврши годината со два порази и едно реми во Премиер лигата, резултати кои сериозно му дозволија на Ливерпул да се одлепи на табелата и да биде апсолутен фаворит за трофејот во англиската елита.
Мареска како менаџер на Челси во ниту еден момент не се почувствува како конкурент за највисокото скалило, но за него поголем е проблемот што во 2025-та година влезе со неизвесност околу својот најдобар дефанзивец.
Весли Фофана се повреди на мечот со Астон Вила на почетокот на месец декември, па иако во прв момент беше пренесено дека не се работи за тешка повреда, најновите лекарски прегледи за жал утврдиле дека може да биде во аут до крајот на сезоната.
– За жал, Фофана ќе биде во аут многу долго. Од тоа што го имам како информација, може да биде во аут до крајот на сезоната. Не знаеме колку точно месеци ќе му требаат, но може да биде во аут до крајот на сезоната. Предвидувањата не се најпрецизни, па ќе видиме дали би можел да ни помогне во некоја фаза од финишот на сезоната, – изјави Енцо Мареска.
– Вес е клучен играч за нас и заљубен сум во неговата игра. Тој е дефанзивец кој ви овозможува да вршите пресинг и да бидете агресивни, со него не се плашите да го оставите противничкиот напаѓач во ситуација „еден на еден“. Првата информација беше дека повредата не е толку лоша, но потоа се утврди дека е многу полошо од што се мислеше. Се работи за потешка повреда на задната ложа, немаше среќа и се надеваме дека ќе ни се врати во иста форма како што играше изминатите неколку месеци, – заврши менаџерот на Челси.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан19 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија