Голем удар за Србија : Цветковиќ остана без еден од најдобрите ракометари

Photo: Uros HocevarPhoto: Uros Hocevar

Србија го започна Европското ракометно првенство со пораз од Хрватска, но тоа не е најлошата вест за селекторот Јовица Цветковиќ.

Денеска, од српскиот табор пристигна потврда дека Марко Вујин нема да може да го продолжи настапот на ова ЕП, а причина е повредата која бекот на Кил ја заработи на вчерашниот натпревар во Сплит.

– Имаме нов проблем, фактички останавме со 12 ракометари во ротација. Покрај проблемите со коленото кои ги Стефан Вујиќ и поради кои е неизвесен за наредните два натпревари, останавме без Марко Вујин. Тој вчера го повреди коленото и нема да може да настапи до крајот на ЕП, – изјавил денеска Цветковиќ.

Facebook Коментари