Поврзете се со нас

Германија

Голем скандал: Таткото на Мукоко тврди дека ја лажирал неговата возраст

Објавено

на

Јусуфа Мукоко ја напушти Борусија Дортмунд и сезонава настапува на заем во редовите на француска Ница, но деновиве е актуелен во германската јавност поради скандалот кој го предизвикаа изјавите на неговиот татко.

Викендов на една германска телевизија ќе биде емитувана емисија во која зборува човек кој е регистриран како биолошки татко на Мукоко, а според кого возраста на германскиот фудбалер е лажирана.

Според Џозеф Мукоко, Јусуфа нема 20, туку 24 години и исто така воопшто не е негов биолошки син и користи лажно име.

– Јусуфа Мукоко не е мој биолошки син и син на мојата сопруга Мари Мукоко. Исто така, тој не е роден во 2004 година во Јаунде, Камерун. Тој е роден на 19. јули 2000 година, а ние го пријавивме како да е четири години помлад. Го направивме тоа за да има поголема шанса на европската фудбалска сцена, – изјавил Џозеф Мукоко.

Ситуацијата отиде дотаму што експресно реагираше и матичниот клуб Борусија, кој во своето соопштение потенцира дека нема никаква информација за евентуален фалсификат и го регистрирала фудбалерот на основа на документите зад кои стојат државните органи во Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни