Поврзете се со нас

НБА

Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка

Објавено

на

НБА ѕвездата Рејџон Рондо е главна вест во сите американски медиуми, но поради погрешна причина.

Кошаркарот на Кливленд со шампионски титули во својата кариера, одамна ја заврши актуелната сезона, а сега е обвинет дека и се заканувал со убиство на својата партнерка Ешли.

Како што пренесуваат американските медиуми, Ешли ги прекинала Рондо и неговиот син додека играле видео-игри, а кошаркарот збеснал и ја уништил конзолата, за подоцна да впери пиштол во нејзината глава.

Сопругата повикала полиција бидејќи Рондо постојано имал пиштол во својата рака, а сега таа и децата се под заштита од кошаркарот за кого се собираат докази за обвинение.

Засега НБА ѕвездата не е уапсена, но тоа може да се промени наредните денови.

Во изјавата за полицијата, Ешли открила и многу други детали поврзани со насилното однесување на Рондо, вклучувајќи го и лошиот однос со децата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни