Поврзете се со нас

Шпанија

Голем шпански клуб му подава рака на Роке, на потег е Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се уште е приморана да се ослободи од неколку играчи од неколку „тешки“ плати за да може да регистрира дел од фудбалерите, но и да биде активна во завршната фаза од летниот преоден рок.

Соработниците на Жоан Лапорта веќе работат во полна пареа и имаат многу обврски во последните десет дена, а една од темите кои што побрзо треба да се решат е и онаа со Витор Роке.

Јануарското засилување се покажа како недоволно зрело за да биде дел од првиот тим на Барселона и тоа веќе го навести Чави Ернандес, но доби потврди и од Хансли Флик кој не смета на Бразилецот за новата натпреварувачка сезона.

Барселона се најде во ситуација да му пронајде нова средина на талентираниот напаѓач кој дојде со големи амбиции, па во овој момент изгледа дека Бетис е клубот кој е подготвен да му подаде рака.

Андалузискиот клуб веќе отпочна преговори за Роке и за цел има да го донесе напаѓачот на позајмица, иако целата операција е посочена како тешка и комплексна поради неповолната финансиска ситуација на клубот од „Бенито Виламарин“.

– Витор Роке е импресиониран од проектот на Бетис и тоа е добро да се знае. Оваа зделка нема да биде лесна, особено ако се знае дека Барселона потроши доста пари за него. Во нашите планови не беше да се реализира ваков голем трансфер ова лето, па останува да видиме во кој правец ќе течат преговорите, – открива Анхел Харо, претседателот на Бетис.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни