Голем шок за Анчелоти: Евертон водеше 2:0 до 94. минута, а потоа се случи чудо на „Гудисон парк“ (Видео)

newcastle

Фудбалот е игра која секогаш се игра до последната секунда, а ова правило оваа вечер посебно ќе го запамтат Карло Анчелоти и неговите играчи од Евертон.

„Карамелите“ водеа со 2:0 против Њукасл и го контролираа мечот во целост, но кога се чинеше дека се на прагот да освојат нови три бода во Премиер лигата, се случи чудо на „Гудисон парк“. Кеан и Калверт му донесоа навидум сигурно водство на домаќинот, а иако овој резултат беше активен до 94-та минута, последните 120 секунди од судиското надополнување донесоа вистинска драма.

Дефанзивецот Лежен намали на 2:1 во 94-та минута, а две минути подоцна израмни и на 2:2 по еден голем карамбол во шеснаесетникот на домаќините. Францускиот стопер на овој начин се претвори во херој на својот тим, а Карло со шок мораше да ја следи оваа несекојдневна ситуација.

Од останатите средби, Манчестер Сити оствари минимална победа од 0:1 против Шефилд благодарение на голот на Агуеро, a Астон Вила исто така во судиското продолжение го победи Вотфорд со 2:1.

Facebook Коментари